Контролната кула во Загреб оштетена во земјотресот, воздушниот сообраќај бил прекинат


Хрватска– Хрватската Контрола на летање вечерва соопшти дека контролната кула во Загреб била оштетена во земјотресот, поради што воздушниот сообраќај над Загреб кусо време бил во прекин.

Во соопштението се наведува дека контролната кула Загреб претрпела штети во денешниот земјотрес, а веднаш потоа била прекината услугата аеродромска контрола на летање, за што било издадено и НОТАМ.

После увидот на статистичарите, од 15:15 часот хрватската контрола на лет повторно ја давала услугата на контролната кула во Загреб, се заклучува во кусото соопштение.

Разорниот земјотрес ги погоди Петриња и жупанијата Сисак-Мославина во 12:19 часот. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека бил со јачина од 6,2 степени според Рихтер, а го почувствувале шест милиони луѓе.