Албанија изрази солидарност со Хрватска и понуди помош


Албанскиот државен врв изрази солидарност со народот и хрватските власти по силниот земјотрес што ја погоди областа Петриња во Хрватска.

Премиерот Еди Рама во објава на Твитер вели дека Албанија е блиску до срцето на пријателска Хрватска и ќе и даде помош во рамки на своите можности.

-Му го пренесов изразот на братска солидарност на претседателот Милановиќ и премиерот Пленковиќ, за катастрофата над градот Петриња! Албанија е близу до срцето на пријателска Хрватска и ќе ја даде својата скромна помош за заздравување на отворената рана од силниот земјотрес, напиша Рама.

Претседателот Илир Мета напиша дека Албанија е до Хрватска со сите можни капацитети, рамо до рамо во секој предизвик.

-Вознемирен и тажен од силниот земјотрес што ја погоди пријателска Хрватска.Човечка солидарност со хрватскиот народ и власти, со желба за справување со оваа тешка состојба и ублажување на болката на семејствата кои ги загубија своите најблиски. Блиску сме до Хрватска, со сите наши можни капацитети, како стратешки партнери, рамо до рамо во секој предизвик,напиша Мета.

Солидарност со хватскпот народ и тамошните власти искажаа и претседателот на парламентот Грамоз Ручи,како и Љуљзим Бша, лидер на најголемата опозициска сила, Демократската партија.