Шефица на Сеизмолошка служба: Не може да се каже дали последователните потреси ќе бидат посилни од претходните


Шефицата на хрватската Сеизмолошка служба Инес Иванчиќ појасни дека при денешниот силен земјотрес се поместил голем расад и поради тоа граѓаните имале чувство дека подолго траел потресот.

– Имаме повеќе епицентрални подрачја. Африканската плоча ја турка нашата евроазиска плоча и таа напнатост е толку голема што доаѓа до голема енергија која се ослободува, изјави таа за Н1.

– Во моментов собираме податоци. Факт е дека јачината е 6,2, степени, немам податоци за длабочината, но во епицентралното подрачје земјотресите се плитки. Просечната длабочина е 12 километри. Ова се плитки земјотреси, истакна Иванчиќ.

– Кога ќе се случи земјотрес, сеизмичките бранови се шират. Се помести еден голем расад, па се чинеше дека потресот трае подолго, рече таа.

Иванчиќ истакна дека по првиот потрес следувале бројни потреси, над 20.

Таа вели дека никогаш не може со сигурност да се предвиди дали вторичните потреси ќе бидат посилни од претходните. – Сега, кога се случи толку силен земјотрес, секој посилен потрес што би се случил, и кој не мора да биде посилен од овој, може да предизвика уште поголема штета на веќе оштетените згради, рече шефицата на хрватската Сеизмолошка служба.

– Како и со земјотресот во Загреб, и овие последователни земјотреси можат да траат долго, сигурно една година или две, рече Иванчиќ.

Сеизмологот Крешимир Кук изјави дека денешниот земјотрес со јачина од 6,2 степени бил исклучително силен и ослободил енергија 30 пати посилна од оној што го погоди Загреб во март. 
– Епицентарот беше меѓу Сисак и Петриња, тој беше со 6,2 степени и ослободи енергија околу 30 пати посилна од онаа во Загреб со 5,5 степени, изјави Кук за Н1.