Во Косово вчера регистрирани 15 починати, 775 заболени и 553 излекувани од Ковид-19


 Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 963 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 15 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 775 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот […]

Србија со нови црни рекорди, повеќе од 7.500 заболени денеска


  Во Србија денеска се забележани 7.606 случаи со корона вирус, а починаа 51 пациенти. Тестирани се 21.569 лица. Во болница се лекуваат 6.722 лица, а во моментот на респиратор се 243 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Србија се регистриранивкупно 148.210 случаи со корона вирус. Тестирани се 1.703.985 луѓе. Досега починаа 1.366 лица. Во […]

Грците штрајкуваа за бесплатно здравство за сите


Под слоганите „Мерки за заштита на здравјето и приходите“; „Бесплатно здравство за сите“; „Дајте пари за здравството“, денеска во Атина се одржаа неколку одвоени собири, организирани од различни федерации и здруженија што учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Протестите беа мирни, […]

Во Хрватска преку 4.000 новозаразени и 51 починат од Ковид-19


Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 51 смртен случај и 4.009 новозаразени со коронавирусот, што е најголем дневен број досега. Во Хрватска денеска има вкупно 21.725 активни случаи, од кои 2.171 се во болница. На респиратор се 252 пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска до сега се регистрирани вкупно 115.626 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.552 починале, […]

Се активира и загрепската Арена за болни од ковид


  Загрепската Арена се активира како ковид-центар, а првите пациенти треба да стигнат утре или за викендот. КОординаторот за ковид-ценатор Арена Загреб, Давор Вагиќ за Н1 ги објави деталите. Вели дека чекаат дозвола за сметствување пациенти. „Стационарот Арена е опремен. Имаме 100 кревети, тука ќе бидат пациенти кои се пред крај на лекувањето, кои би […]

Турција купува 50 милиони дози кинеска вакцина против Ковид-19


Турција– Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија „Синовак Биотек“ за набавка на 50 милиони дози вакцина против Ковид-19, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Тој додаде дека испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година. – За нас најважно е да почнеме да даваме вакцина која е проверено ефикасна […]

Во Хрватска од утре се затвораат кафулињата и рестораните


Хрватска– Во Хрватска, во петок на полноќ, треба на сила да стапат новите заострени мерки против ширењето на коронавирусот, а според порталот Индекс, тие се однесуваат на затворањето на сите кафулиња и ресторани во земјата. Мерките треба да бидат на сила до Божиќ, соопшти Индекс по состанокот меѓу началникот на Националниот кризен штаб и министерот […]

Генерален штрајк во Грција


Грција – Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи суштински мерки во справувањето на пандемијата,  јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествуваат и Федерацијата на вработените во државните болници и Федерацијата  на просветните работници во средните училишта, а новинарите од 11 до 13 часот ќе имаат […]

Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за нов Устав


Бугарскиот парламент денеска го отфрли контроверзниот план на премиерот Бојко Борисов за промена на Уставот кој го поднесе во август во обид да ја ублажи политичката криза. Предлогот за промена на Уставот, кој неодамна го критикуваше и Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања, доби само 110 гласови, а за да […]

Во Косово девет починати и 704 заболени од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани девет починати и 704 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 391 пациент. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 948 од вкупно 36.253 лица кај кои е откриен вирусот […]

Во Грција регистрирани 2.152 нови случаи и 87 починати од Ковид-19


Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 2.152 новозаразени  и 87 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 97.288 лица, а од почетокот на епидемијата починаа вкупно 1.902 лица. Во грчките болници, приклучени на апарати се 597 пациенти, 35 повеќе од вчера. Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на […]

Хрватскиот парламент го усвои буџетот за 2021, предвидува економски раст од пет отсто


Хрватскиот парламент денеска го усвои буџетот за следната година, кој предвидува економски раст од пет проценти, со проекции за 2022 и 2023 година. Буџетот беше изгласан од владејачкото мнозинство, откако пратениците од опозицијата ја напуштија салата во знак на протест против усвојувањето на само неколку нивни амандмани, но се вратија за гласање. Најважниот финансиски документ […]

Сè поголем број заразени и починати во Србија, денеска 7.579/41


Според последните информации во Србија се потврдени 7.579 нови случаи со корона вирус, а починаа 41 пациент. Тестирани биле 22.231 лица, а на респиратори се 223 пациенти. Во болница од Ковид-19 се лекуваат 6.597 заболени, а стапката на смртност во Србија е 0,93 отсто. Од почетокот на апндемијата тестирани се 1.682.416 граѓани, а потврдени се […]

Во Босна и Херцеговина нови 1.589 заразени, 35 починати


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 1.589 случаи со корона вирус, а направени се 4.005 тестови, починаа 35 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 2.807 примероци, од кои 1.088 се позитивни на корона вирус. Досега тестирани се вкупно 268.406 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 53.125 лица. До денеска оздравеле 33.754 […]

Рекордни 3.603 нови случаи на ковид во Хрватска, до Божик да бидат затоврени кафулињата


Денеска во Хрватска треба да бидат објавени нови построги мерки за спречување на ширењето на епидемијата на корона вирусот. Како што пишуваат хрватските медиуми, се очекува во рамки на тие мерки, од сабота да бидат затворени кафулињата и рестораните. Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани рекордни 3.603 нови случаи на заразени со корона […]

Бугарија ќе ги затвори трговски центри и училиштата до 21 декември


Ноќните клубови, рестораните, кафулињата, баровите, салите за игри на среќа и казина, како и фитнес клубовите, исто така ќе бидат затворени во петок, рече министерот за здравство Костадин Ангелов   Јовка Димитрова                                                […]

Во Црна Гора од денеска забрането излегување од домовите од 19 до 5 часот наутро


Црна Гора– Угостителските и услужните објекти во Црна Гора од денеска ќе бидат работата од 7 до 18 часот, додека од 19 до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите. Мерките ќе се применуваат до 8 декември, соопшти Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ). НКТ ги повика граѓаните целосно да ги […]

Апсурд во Србија: Директорите на училиштата тужени оти инсистирале на носење маски?!


  Против директорите на основните и средните училишта во Белград, Србија, поднесена е кривична пријава заради тоа што ги условувале децата и наставниците да носат маски. Според медиумите, до 300 директори стигнала кривична пријава од Синдикатот на вработените во полицијата. Директорот на Земунската гимнација во Белград Милош Бјелановиќ вели дека е шокиран откако против него […]

Во Албанија високи бројки на заразени, оздравени и починати од Ковид-19


Во Албанија продолжува трендот на голем број заразени, починати но и на оздравени од Ковид-19, што потврдуваат податоците соопштени попладнево од Министерството за здравство и социјална заштита. -Регистрирана е најголема бројка на починати во едно деноноќие или 19 лица, сите во болнички услови, со што до сега вкупната бројка на починати се зголеми на 735. […]

Во Грција 2.135 нови случаи и 101 починат


Во изминатите 24 часа, во Грција повторно е зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19, почина 101 лице, вкупно 1.815 од почетокот на епидемијата, а регистрирани се 2.135 нови случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 95.137 лица. Од новите случаи, најголемиот број и понатаму е во Солун, вкупно 607, а потоа е […]