Нов земјотрес од 3,9 степени во Хрватска


 

Денеска во 9.15 часот, Хрватска ја потресе уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, со епицентар 10 км западно од Петриња.

Сеизмографите забележаа интензитет во епицентарот од V степени според ЕМС скалата. Дојава за штети засега нема. Потресот се почувствувал во пошироката околина, наведуваат од Сеизмолошката служба на Хрватска.

Тлото на подрачјето околу Петриња и Сисак и понатаму се тресе, по разорниот земјотрес од 6,2 степени во вторникот, кој ја погоди Петриња и околината.

Ноќеска, во 4,43 ласот Сеизмолошката служба забележа уште еден земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер, со епицентар исто во Петриња.