Хоти: Косово потпишува нов договор со САД

Косовскиот премиер во техничкиот мандат Авдулах Хоти најави дека Владата во Приштина денеска ќе потпише нов договор со администрацијата на САД, кој, како што нагласи, предвидува во следните години да бидат вложени стотици милиони долари во инвестиции на Косово, објави Танјуг.

Хоти додаде дека новиот договор произлегува од Вашингтонскиот договор, истакнувајќи дека со тоа американскиот финансиски пазар се отвора за косовските компании.

Тој оцени дека Вашингтонскиот договор, потпишан на 4 септември, е историски важен за Косово.