Новогодишната ноќ во регионот: Во Белград и Нови Сад се слави на улици со трубачи


 

Без јавни дочеци, прослави во кафулиња и ресторани, се влегува во новата 2021 година, поради пандемијата која ја одбележа годината на заминување. Но, покрај сите мерки, забрани и ограничувања, во Србија сепак се слави.

Иако во Белград нема јавен дочек, а кафулињата затворија во 18 часот, исто како во Скопје, некои граѓани ни тоа не ги спречи да се веселат со улични трубачи на „Књез Михајлова“.

Особено млади, но и семејства со  деца шетаат по главната градска улица во Белград, а некои застануваат за да уживаат и да танцуваат со звуците на трубачите.

Слично е и во Нови Сад, каде исто така, на улиците се слави со трубачи, а собраните танцуваат.

Властите во Србија најавија дека од 18 часот дури 1.800 инспекотри и комуналци ќе бидат на терен заради илегални забави и настојуваат да ги натераат неодговорните угостители и грашани да ги почитуваат мерките.

Црна Гора се подготвува да влезе во Новата 2-21 година, на начин како што не се памети досега, без масовни јавни дочеци и славења во кафулиња, ресторани и хотели.

Ни во Хрватска нема да има јавни собири поради пандемијата, но и поради настраданите од земјотресите во Петриња и околината.

Заради епидемијата од корона вирус, која ја парализира планетата, традиционалните дочеци изостанаа речиси во сите земји.