Нуклеарката Кршко продолжува со работа


Нуклеарната централа Кршко, која ја прекина својата работа поради земјотресот во соседна Хрватска, не е оштетена и сите нејзини системи се функционални, покажа систематската инспекција во нуклеарката.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, планирано е нуклеарната централа да продолжи со работа вечерва во 22 часот, до кога ќе се врши проверка на реакторот и други системи.

Компанијата ги предупреди граѓаните дека при повторното активирање на нукеларката може да дојде до силни звуци.

По вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала, кој беше почувствуван во целиот регион, нуклеарката Кршко автоматски прекина со работа.