Србија ќе и даде милион евра на Хрватска за справување со земјотресот


Јавниот јазик во Србија е страшен. Порано стручната јавност нешто значеше, но сега тоа не значи ништо. Јавниот јазик е она што ја дешифрира власта во оваа земја, но и опозицијата. На тоа лексичко ниво тие некако престануваат да се разликуваат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати писмо до српската влада во кое бара милион евра од слободните средства да ѝ бидат префрлени на хрватската влада како помош поради низата земјотреси коишто ги погодија.

Во вторникот во Зајечар, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да ѝ помогне на Хрватска и дека се надева оти земјотресот поминал со минимални жртви.

„Подготвени сме да пружиме секаков вид помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите капацитети. Многу ми е жал и подготвени сме да обезбедиме секаков вид техничка и финансиска помош“, рече тој.