Албанија ќе и помогне на Хрватска со 250 илјади евра


Албанија– Владата на Република Албанија донесе одлука за финансиска помош во износ од 250.000 евра за Хрватска,по силнот земјотрес во Петриња.

Веста ја соопшти премиерот Еди Рама,кој на објава на социјалнте мрежи напиша дека само што ја потпишал одлуката и објавува фотографија од одлуката.

„Само што ја потпишав одлуката на Владата на Албанија за донирање на 250 илјади евра на Хрватска за помош за обнова на Петриња по разорниот земјотрес. Хрватска е пример за отпор и модел за нас во нејзината неверојатна трансформација во горда земја на ЕУ“,напиша Рама.

Претходно албанскиот државен врв изрази солидарност со народот и хрватските власти и подготвеност да помогне во рамк на можностите.

Премиерот Рама во објава на Твитер напиша дека Албанија е блиску до срцето на пријателска Хрватска и ќе и даде помош во рамки на своите можности.

Претседателот Илир Мета напиша дека Албанија е до Хрватска со сите можни капацитети, како стратешки партнери, рамо до рамо во секој предизвик.

Солидарност со хватскиот народ и тамошните власти искажаа и претседателот на парламентот Грамоз Ручи,како и Љуљзим Баша, лидер на најголемата опозициска сила, Демократската партија.