Олта Џачка нова албанска министерка за Европа и надворешни работи, Нико Пелеши за одбрана


По оставката на овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на негово место експресно доаѓа Олта Џачка, актуелна министерка за одбрана, додека неа ќе ја замени Нико Полеши.

Исто така, во објавата Рама му се заблагодарува на Цакај, кој, како наведува, ќе се врати во канцеларијата на премиерот.

Новата шефица на дипломатијата, Џачка е родена во Тирана на 25 декември 1979 година. Во 23 март 2017 година била избрана за министерка на тогашното министертво за социјална благосостојба и млади, а по неколку месеци, во септември, истата година, за министер за одбрана.

Педесетгодишниот Пелеши е роден во Корча, каде имал бизнис, а повеќе години бил претседател на регионалната стопанска комора. Во 2004 година од страна на Владата е поставен за префект на округот Корча, а на локалните избори во 2007 година е избран за градоначалник на Корча и реизбран на изборите во 2011 годна. Во 2013 годна станува потпретседател на владата, а во 2017 министер за земјоделство.

Предлогот Рама треба да го достави до шефот на државата, кој треба да потпише уредба,по што новите министри ќе дадат заклетва пред него.

Во средината на минатиот месец, во кабинетот на премиерот Рама нов министер за внатрешни работи стана Бледи Чучи, по оставката на Сандер Лешај, по масовните протести во земјата заради убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец. На негово место во Министерството за земјоделство и рурален развој, Рама ја назначи Милва Економи.