Забрането собирање во групи поголеми од пет лица


Владата на вечерашнава седница донесе одлука да се забрани собирање во група поголема од пет лица во паркови и на други јавни површини. Потоа, го забрани пристапот на лица и возила во Парк шумата „Водно“ над Скопје, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. Полицијата со патролни возила треба да …

Забрането собирање во групи поголеми од пет лица Read More »

Филипче: Од следната недела пунктови за тестирање во Скопје


Oд следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе има локална трансмисија во градот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. – Целта е да се стигне до сите првични …

Филипче: Од следната недела пунктови за тестирање во Скопје Read More »

Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман


Во болницата „Септември“ денеска се направени услови да се примаат пациенти кои се заболени од корона вирус, но имаат потреба и од други интервенции, како хируршки на пример, соопшти министерот Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Тој рече дека опремиле една хируршка сала, една ангиографска, и цело одделение со 22 кревети каде може да се сместуваат …

Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман Read More »

Уште шест нови случаи со корона вирус, вкупно 48 заразени


Министерот Венко Филипче извести преку фејсбук дека до 16 часот се дијагностицирани уште 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. -Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два …

Уште шест нови случаи со корона вирус, вкупно 48 заразени Read More »

Брисел договорил преговори, но не и датум


Вестите што пристигнуваат од Брисел како да му даваат повеќе право на министерот за надворешни работи Никола Димитров во неговиот претпазлив оптимизам околу можноста Европската Унија конечно да го додели датумот за преговори за Македонија и Албанија. „Политико“ јавува дека амбасадорите на ЕУ, кои денеска продолжија да расправаат околу предлогот на текстот за отворање преговори, …

Брисел договорил преговори, но не и датум Read More »

Сите што биле во Банско ќе се стават во изолација, се чека список од Бугарија


Агенцијата за национална безбедност треба да ги провери сите лица кои од  Македонија во последните 14 дена го посетиле зимскиот рекреативен центар Банско во Бугарија и, по добивање на листата од надлежните институции од Бугарија, треба да ја сподели со Државниот санитарен и здравствен инспекторат за сите овие лица да добијат решение за самоизолација. Оваа …

Сите што биле во Банско ќе се стават во изолација, се чека список од Бугарија Read More »

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава


Онлајн-настава за студентите  од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот. Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше средба со  ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети,  проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. …

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава Read More »

МВР чува 2.268 лица со наредби за самоизолација


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата, при што соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 2.268 лица кои се во самоизолација, од кои 1.000  во Скопје. „ Да се пријавува секое непочитување на препораките за …

МВР чува 2.268 лица со наредби за самоизолација Read More »

Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена


По искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Ситуацијата е изгледна, но не е завршена. Во моментов уште се дебатира како да се одржи Советот за надворешни работи на ЕУ. Вака министерот за надворешни работи  Никола …

Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена Read More »

Османи: Постигнат е консензус во ЕУ за почеток на преговори


Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира …

Османи: Постигнат е консензус во ЕУ за почеток на преговори Read More »

Османи: Побаравме ЕУ да не изземе од мерката за забрана за извоз на медицински материјали


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека Македонија побарала од Европската Унија да биде изземена од мерката со која се забранува извоз на медицински материјали. – Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема …

Османи: Побаравме ЕУ да не изземе од мерката за забрана за извоз на медицински материјали Read More »

(Галерија) Во Дебар мирно, редовен дотур на залихи и строга контрола на влезот во кризната зона


Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти МВР. Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти …

(Галерија) Во Дебар мирно, редовен дотур на залихи и строга контрола на влезот во кризната зона Read More »

Порака од бизнис секторот: државата да ја спаси економијата, за подоцна тој да ја спаси државата


Никој не бара да бидат простени долговите, туку да се размисли да се одложат даночните обврски, велат од асоцијациите на стопанствениците Бизнис секторот не е задоволен од мерките кои денес беа објавени како првична поддршка за компаниите, а пред се за микро, малите и средни претпријатија. И двете најголеми асоцијации на стопанствениците во земјава, Стопанската …

Порака од бизнис секторот: државата да ја спаси економијата, за подоцна тој да ја спаси државата Read More »

Пендаровски прогласи вонредна состојба


Претседателот Стево Пендаровски на вонредно обраќање попладнево рече дека предмалку ја потпишал одлуката за распишување вонредна состојба во следните 30 дена на целата територија на државата. Оваа мерка следува како заштита од ширење на Ковид-19. Претседателот Пендаровски ја донесе оваа одлука по предлог на Владата, со оглед на фактот што Собранието е распуштено. Пендаровски од …

Пендаровски прогласи вонредна состојба Read More »

Се тестираат уште 30 луѓе, 35 потврдени


До денеска, 35 лица се заболени од Ковид-19, потврди министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Според него, четирите нови случаи се лица кои имале контакт со веќе заболените. Појасни дека на 12 лица кои стигнаа со авион од Брисел синоќа, не им е дијагностицирана болеста. Во моментов за корона вирус се тестираат 30 …

Се тестираат уште 30 луѓе, 35 потврдени Read More »

(ВИДЕО) По 30 години чекање Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО


Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на …

(ВИДЕО) По 30 години чекање Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО Read More »

Владата предложи воведување на вонредна состојба


Премиерот Оливер Спасовски во име на Владата соопшти дека на денешната седница донеле одлука да побараат од претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Уставна основа има, прашање е само на политичка волја и подготвеност да се преземе политичка одговорност, порача Спасовски на прес конференцијата. -Ова е вонредна ситуација затоа е потребна вонредна состојба,сега и …

Владата предложи воведување на вонредна состојба Read More »

Претседателот ќе прогласи вонредна состојба


Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска  ќе прогласи вонредна состојба, се дознава неофицијално.   Изјавата на претседателот во живо ќе биде пренесувана на МРТВ. Политичките лидери вчера беа на лидерска средба кај претседалот каде дискутираа за одложување на изборите, а се отвори и прашањето за тоа дали треба да се прогласи кризна или вонредна состојба поради …

Претседателот ќе прогласи вонредна состојба Read More »