Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена


По искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Ситуацијата е изгледна, но не е завршена. Во моментов уште се дебатира како да се одржи Советот за надворешни работи на ЕУ.
Вака министерот за надворешни работи  Никола Димитров одговори на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека ЕУ донела одлука да ѝ даде преговори на нашата држава.Уште повеќе, рече Димитров, се уште трае и расправата во Корепер, која почна вчера.

– Се уште се дебатира како да се одржи состанокот на Советот за надворешни работи. Белгија се затвори и тешко е било кој да присуствува во моментов. Се преговара за одржување на состанокот преку видео врска, но сметам дека ЕУ ќе прати лош сигнал дека е толку оптоварена со епидемијата што не може да расправа за други прашања -рече Димитров.

Според него, до крај не е завршена ни дебатата ни текстот на заклучокот кој се однесува на Македонија, уште повеќе што КОРЕПЕР не е тело кое носи политички одлуки.
Рот претходно ја поздрави храброста на Зоран Заев и на Димитров да го потпишат Преспанскиот договор и да напишат, како што рече, историја, како и фактот дека премиерот не се разочарал и продолжил со реформите иако ЕУ два пати не постигна консензус за ова прашање.
– Следната недела следат преговори во Советот за надворешни работи. Се надевам дека ние од ЕУ ќе испорачаме одлука за преговори, иако со паниката околу корона вирусот тоа не е лесно. Јас лично се залагам Советот да се состане виртуелно – рече Рот. Тој нагласи дека Германија работи интензивно да се донесе позитивна одлука за Македонија и смета дека е многу потребно земјите од Западниот Балкан да почувствуваат дека и во овие тешки моменти ЕУ стои зад нив.

Околу тоа дали е усогласена новата меодологија меѓу земјите членки на ЕУ бидејќи некои членки како Бугарија имаат дадено свои забелешки и дали е можно да се донесе одлука за старт на преговорите без усвоена нова методологија, министерот Рот истакна дека не очекува таква блокада и оти и Берлин е фокусиран на изнаоѓање креативно решение како да се одржи состанокот на Советот за општи работи.

-Во Советот на министрите разговаравме за тоа. Имам впечаток дека меѓу земјите членки голем број се согласни. Во овој момент не гледам дека некој ќе ја блокира новата методологија. Актуелната криза не прави креатаивни. Се залагаме тука во Берлин за тоа и он лајн можностите треба да ги искористи и Советот. Можам да се согласам со Димитров, токму во ова време треба ЕУ да покаже дека можеме да дејствуваме и да донесуваме одлуки, особено во однос на проширувањето, рече Рот. С.Ј.)