Уште шест нови случаи со корона вирус, вкупно 48 заразени

Фото: Б. Грданоски

Министерот Венко Филипче извести преку фејсбук дека до 16 часот се дијагностицирани уште 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.

-Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат уште 35 лица.