Османи: Побаравме ЕУ да не изземе од мерката за забрана за извоз на медицински материјали

Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека Македонија побарала од Европската Унија да биде изземена од мерката со која се забранува извоз на медицински материјали.

– Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, изјави Османи.

Исто така, побарано е пренамена на парите од ИПА2 фондот на Европската Унија, кој ѝ е на располагање на државава, со тоа што е побарано во проектите да се учествува со 75 отсто од ИПА фондовите, а не како до сега 50/50.

Тој појасни дека ова веќе е направено кога Македонија се соочуваше со поплавите во Скопско.

Османи рече дека Норвешка вчера определила 3,2 милиони евра за помош и поддршка на Македонија, Србија и Црна Гора, а денеска треба да се состанат за да определат за што на Македонија ѝ требаат овие пари.

Наградата која ЕУ ја најави за Македонија, преку комесарот Оливер Вархеjи од 50 милиони евра, Османи рече дека побарано е да се пренамени за справување со кризата поради пандемијата со корона вирус.

Како земја преговарач имаме право да се вклучиме во европскиот солидарен фонд, кој се активира за покривање на потребите на земјите членки од кој досега се искористени околу пет милијарди евра за разни природни катастрофи и несреќи, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во однос на координацијата со ЕУ во врска со справување со предизивиците и последиците од пандемијата на Ковид-19.

– Согласно иницијативата на Европската Комисија, за финансиска поддршка за ликвидност на претпријатијата погодени од епидемијата, побаравме пристап до овие средства и на Банката за поддршка на развојот на Република Северна Македонија, со што би се обезбедиле брзи и краткорочни заеми кои брзо се одобруваат, а чие време на доспевање е до една година и може многу да помогнат во надминување на проблемите со ликвидноста на малите и средни претпријатија, изјави Османи.

Побаравме, рече Османи, измена на минималните критериуми за искористување на фондовите од ИПАРД – 2 програмата, во кои сметаме на зголемување на делот што претставува учество на делот на ИПА фондовите за сметка на сопствениот капитал што производителите на храна и земјоделците го внесуваат како влог во тие проекти.

– Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, изјави Османи.

Информираше дека норвешката Влада вчера одобри 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата УНОПС за Република Северна Македонија, Србија и Црна Гора за медицински материјали и препарати.

– Ќе донесеме одлука на Кризниот штаб кои се нашите потреби да можеме да ги користиме овие средства од норвешката Влада за брза набавка во рок од 5 до 7 дена за да се реализира помошта, изјави Османи.