Последна отстапка на Заев – избори на 8 јули


Претседателот на СДСМ ја повика опозицијата да биде одговорна и рационална. Доколку има договор, од Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба за три дена   Ден по неуспешните разговори во кабинетот на шефот на државата, претседателот на СДСМ, денеска ја претстави последната понуда до опозицијата – избори на 8 јули. Зоран Заев изјави оти […]

Мицкоски ги зголемува условите, немало никакво приближување


По неуспешната средба кај претседателот Стево Пендаровски и обидот да се договори датум за избори, од партиите протекоа информации за разговорите, кои не се разликуваат многу од тоа што го слушавме јавно деновиве. Од СДСМ информираа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не бил фокусиран на здравствената ситуација, туку ги спорел техничките моменти околу изборите, […]

Градоначалникот на Гази Баба позитивен на коронавирусот


Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус, тој утринава потврди за „Фокус“. – Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите, вели Георгиевски. Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест


За македонски државјани, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен […]

Заев и Мицкоски без договор, ќе продолжат да разговараат за датумот


Лидерите не се договорија, датум за избори се уште нема. Како што се дознава од кабинетот на претседателот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си заминале од средбата со обврска да продолжат да комуницираат. Кога, не е прецизирано. -На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и […]

Брнз: Важно е во Македонија да се одржат избори, датумот да биде согласно законот


На еден час пред почетокот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се јави американската амбасадорка Кејт Брз со изјав а во која порача дека избори тревба да се одржат, а нивниот датум да се одреди согласно законите и Уставот. Амбасадорката  Брнз, во изјава за […]

Не паѓа бројот на заразените – денеска 164, двајца починати


Бројот на новите инфекции и натаму е многу висок, денешниот број е 164. Според податоците што ги објави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил главните жаришта и натаму се во познатите места – Скопје, Куманово и Тетово. Бројот на инфицираните во овие три града е 127 , што претставува 77 отсто од […]

Пендаровски реши да не прогласува вонредна состојба


Претседателот Стево Пендаровски објави денес дека решил да не прогласува веќе вонредна состојба, бидејќи не гледа причина за неа, ниту пак добил такво барање од Владата. „Сите вонредни состојби досега ги прогласував на барање на Владата со образложение зошто се потребни и на нив им претходеше седница на Советот за безбедност на кои ресорните министри […]

Заев предлага вонредната состојба да се продолжи за три дена со цел изборите да бидат на 8 јули


Претседателот на СДСМ Зоран Заев предложи денес вонредната состојба да се продолжи за три дена со цел изборите да се одржат во среда на 8 јули, но под услов доколку за тоа се постигне согласност меѓу сите политички партии, бидејќи е потребна промена на Изборниот законик, каде што во него пишува дека изборите се спроведуваат […]

Од крштевки на свадби, се шират кластерите на коронавирусот


Скопје останува главно жариште на коронавирусот во Северна Македонија по регистрираните нови 131 случај. Состојбата во Штип и Тетово се смирува, но останува проблемот со групните собири низ земјата   Јунскиот тренд на троцифрен раст на бројот на заразени од коронавирусот продолжи и вчера со нови 175 случаи. Причините за ширењето на заразата остануваат непроменети: непочитување […]

Вонредна состојба или избори: денеска обраќање на претседателот Пендаровски


Ќе биде ли појасно како ќе продолжи функционирањето на земјата во идните месеци по денешното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски најавено за напладне? Пендаровски се очекува да даде одговори на прашањата кога ќе има седница на Советот за безбедност и каква ќе биде одлуката за вонредната состојба поради коронакризата, што исто така би […]

Заев до Ахмети: ДУИ ја повредува интелигенцијата на народот


Зборувајќи за идејата на Али Ахмети следниот премиер да бил Албанец, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва изјави дека тоа е „популистички, лажлив чекор на ДУИ посеан со национализам. Во него нема ништо друго. Тој е исклучително заради партиско-политички калкулации. Овој вид на кампања е лош за ДУИ. Со ваквиот вид кампања ДУИ ќе оди […]

Заев е категоричен: Избори ќе има на 5 јули


Пред утрешното изјаснување на претседателот на државата околу можноста за нова вонредна состојба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва изјави дека изборите сигурно ќе се одржат на 5 јули, онака како што налагаат Уставот и законите. Зборувајќи во интервју на телевизијата 21 во емисијата „Клик плус“, Заев рече дека датумот може да се помести за […]

Филипче осум пати ѝ одговорил на Димитриеска-Кочоска за кредитот од Светска банка, таа порачува „нејасни се многу аспекти“


Допоолнителната заменик-министерка вели дека останува на ставот да не го потпише договорот за заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра Мирче Јовановски Од Министерството за здравство дури осум пати ѝ одговориле на дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на нејзините прашања во врска со кредитот од Светска банка во износ од 90 […]

Филипче: Епидемиолозите се соочуваат со отпор за контакти од жариштата во Скопје


За жал епидемиолозите се уште се соочуваат со отпор и недавање контакти во Скопје, каде најголемиот број случаи се од Чаир, рече министерот за здравство Венко Филипе на денешната прес-конференција. Владата има донесено Уредба со која лице кое ја прекршило одлуката за самоизолација или дава погрешни информации за контакти, ќе му се одреди државен карантин […]

Нов драматичен скок на заразени – 175 случаи денеска


Македонија доживеа уште еден драматичен скок на новозаразени од Ковид-19, откако последниве денови бројките беа во надолна линија. Во последните 24 часа регистрирани се нови 175 заразени, од кои само во Скопје и Куманово 156, што претставува 89 отсто од сите инфекции. Бројката на новите заразени е драматично зголемување затоа што таа е добиена од […]

Интервју со Арбен Таравари: Ахмети се подготвува за опозиција


Али Ахмети е потрошен политичар од 20. век, којшто дојде на власт преку војна. Апсурдно е да се анализираат неговите гротескни изјави. Ахмети сега се обидува да биде магионичар, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, за етничкото обединување околу неговиот предлогот за Албанец премиер   Љупчо Поповски „Станува збор за тотална демагогија. Човекот којшто […]

Дерковски не ја коментира задачата добиена од Владата


Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, не сака да ја коментира уредбата на Владата со која од ДИК се бара да почне со подготовка на изборните списоци, а со тоа и на изборите. Според Дерковски, не е добро да коментира пред уредбата да излезе во службен документ и пред да ја види во официјална […]

На прсти се бројат деновите до почеток на изборната кампања


Ако во овие четири дена пред завршувањето на вонредната состојба не се донесат нови измени во Уредбата за изборите со кои би се поместил рокот од 22 дена за нивно завршување, тогаш 20-дневната изборна ќе почне веќе в понеделник   Освен единствениот  глас „против“ на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и забелешката дека „Заев […]

Владата го постави теренот за одржување на изборите


Изгледа сосем извесно дека одржувањето на вонредните избори се приближува откако Владата на денешната седница донесе измени во Уредбата со која беше замрзнат изборниот процес. Со неколкуте задолжувања до Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија, Заводот за статистика и Министерството за здравство Владата го постави теренот за одржување на изборите 22 дена по завршувањето […]