Нов драматичен скок на заразени – 175 случаи денеска


Фото: Б. Грданоски

Македонија доживеа уште еден драматичен скок на новозаразени од Ковид-19, откако последниве денови бројките беа во надолна линија. Во последните 24 часа регистрирани се нови 175 заразени, од кои само во Скопје и Куманово 156, што претставува 89 отсто од сите инфекции.

Бројката на новите заразени е драматично зголемување затоа што таа е добиена од 971 тестирања, што значи дека позитивни биле 18 отсто од лицата од кои биле земени брисеви.

Во другите градови (освен делумно Тетово) ситуацијата полека се смирува. Тоа посебно се однесува на жариштето во Штип. Вака изгледа распределбата на новите податоци од позитивните тестови:

Скопје – 131
Куманово – 24
Штип – 2
Прилеп – 2
Тетово – 5
Струга – 2
Велес – 4
Охрид – 1
Гостивар – 2
Свети Николе – 2

Денеска се регистрирани уште петмина починати пациенти. На Клиниката за инфективни болести при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60) примена на 5 јуни, пациент (64) примен на 8 јуни и пациент (59) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72) примен на 30 мај.

По повеќе денови денеска е зголемен бројот на оздравени пациенти – 18.

Скопје – 12
Штип – 1
Тетово – 3
Велес – 2

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид-19. Денеска немаше тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.