Заев на аргументите дека заразата со корона вирусот е излезена  од контрола, според извори од опозицијата, целосно кренал раце кажувајќи дека тоа е реалноста и нема што повеќе да прави државата. Мицкоски повторно изнел став дека е несериозно да се наддаваат со датуми кои се формата, а суштината на решението е колку државата е способна да го заштити здравјето во овие околности на корона зараза и да обезбеди транспарентен изборен процес.