Филипче: Епидемиолозите се соочуваат со отпор за контакти од жариштата во Скопје


За жал епидемиолозите се уште се соочуваат со отпор и недавање контакти во Скопје, каде најголемиот број случаи се од Чаир, рече министерот за здравство Венко Филипе на денешната прес-конференција.
Владата има донесено Уредба со која лице кое ја прекршило одлуката за самоизолација или дава погрешни информации за контакти, ќе му се одреди државен карантин на негов трошок.
Овој бран се уште трае, две од четирите жаришта, полека спласнуваат, вели Филипче, а тоа се однесува на Штип и Тетово.

Како што појасни министерот, на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 11 нови пациенти, вкупно 84, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата „8-ми септември“ 22 нови примени, вкупно 57, од кои 35 се потврдени позитивни, на респираторна машина 10 пациенти. Во Битола 20 пациенти, во Штип 24 хоспитализирани, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово хоспитализирани се 36 позитивни и сомнителни пациенти.

„Во Охрид на семејна прослава со околу 200 присутни потврдени досега се осум пациенти, а 40 се во изолација. На семејна прослава свадба во Скопје со 100-тина присутни, потврдени се 14 позитивни. Голем проблем на епидемиолозите им создава несоработката на присутните на таа прослава“, рече Филипче.

Во седум штипски конфекции потврдени се 126 случаи, а хоспитализирани 24. Останатите се на домашно лекување

„Откако се направи овој пристап тестирање и изолација на сите контакти, состојбата во Штип и Тетовско се смирува, а останува Скопје, особено населба Чаир каде има најмногу случаи. Епидемиолозите уште се соочуваат со проблем за податоци точни.

Има уште непочитување на мерките за самоизолација, групирање и носење маски, па контролите се засилени, заклучува Филипче.

Тој вели дека мора да се даваат точни информации и така може да се бориме против заразата. За жал има неколку случаи каде не се дале точни информации па имаме дополнителен број луѓе во изолација.
Препораките од Комисијата остануваат исти, и од граѓаните се бара да ги почитуваат.