Заев и Мицкоски без договор, ќе продолжат да разговараат за датумот


Лидерите не се договорија, датум за избори се уште нема.

Како што се дознава од кабинетот на претседателот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си заминале од средбата со обврска да продолжат да комуницираат. Кога, не е прецизирано.

-На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Неофицијално, сите очекувања беа дека разговорите нема да дадат резултат денес и дека ќе има уште некој круг убедување.

По напуштањето на вилата Заев за медиумите истакна дека нема да откриваат нови детали од разговорите.

„Оставивме можност во текот на утрешниот ден ако една од страните заклучи дека треба да се слушнеме, да се слушнеме, остануваме на соопштението“ вели Заев.

Мицкоски додаде дека во интерес на сложеноста на целата ситуација да остават претседателот во соопштение ја информира јавност.

„Деновите кои што се пред нас ќе добиете дополнителни информации, она што е важно дека до овој момент сè уште нема договор“ рече Мицкоски.