Не паѓа бројот на заразените – денеска 164, двајца починати


Фото: Б. Грданоски

Бројот на новите инфекции и натаму е многу висок, денешниот број е 164. Според податоците што ги објави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил главните жаришта и натаму се во познатите места – Скопје, Куманово и Тетово. Бројот на инфицираните во овие три града е 127 , што претставува 77 отсто од вкупниот број на заболените. Направени се 1.064 тестирања, што значи дека процентот на инфицирани е 15,6 отсто. Интересно е што во Ресен има уште два нови случаи (вкупно 3) откако од почетокот на епидемијата до пред два дена немаше ниту еден заболен.

Според градови вака изгледа дистрибуцијата на случаите во последните 24 часа:

Скопје – 85
Куманово – 24
Дебар – 3
Штип – 5
Прилеп – 3
Тетово – 18
Струга – 5
Охрид – 9
Гостивар – 2
Гевгелија – 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1
Македонски Брод – 1
Валандово – 1
Свети Николе – 2
Ресен – 2
Неготино – 1

Во последниве 24 часа починаа две лица, од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти. Тие се од пет градови.

Скопје – 3
Прилеп – 6
Струга – 1
Велес – 1
Виница – 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска немаше тестирања во рамките на скринингот.