Ново големо поскапување на горивата. Дизелот стигна до 92 денари


  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит,  цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, а цената на мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување […]

Оскари 2026: „Една битка по друга“ е најдобар филм


Лос Анџелес – Уште една Оскарска ноќ заврши. Имаше сè, од очекувани триумфи до изненадувања кои беа во најдобар случај умерени оваа вечер. Светлата на театарот Долби се изгаснаа, гламурот на црвениот тепих се пресели на забавите по прославата, а за овие филмови само ќе се дискутира. Веројатно. Да почнеме со најважното. Престижната награда за […]

„Кочани ви благодари“: Признанија за медицинарите кои се бореа за спас на настраданите во „Пулс“


Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на  министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен […]

Од Португалците и Холанѓаните до срцето на иранската нафтена империја: Историјата на островот Харг


Под жешкото сонце на Заливот, ритмичкото зуење на милиони барели сурова нафта што се движат низ подводните цевководи одекнува од древен корален гребен. Тука, познатиот ирански писател Џалал Ал-е-Ахмад некогаш стоел и, гледајќи ги изолираните брегови, го нарекол островот „сиромашниот бисер на Персискиот Залив“. Денес, овој корален изданок од 22 квадратни километри во покраината Бушер […]

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме! (видео)


Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Барање се исти -минималната плата да се зголеми на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. Според податоците на Управата за јавни приходи, на кои се повикува синдикатот, околу 160.000 […]

Премиерот ги прочита имињата на сите загинати во пожарот во Кочани, по реакцијата на родителите


Сите имиња на настраданите во пожарот од дискотеката во Кочани, денеска се најдоа во годоврот на премиерот Христијан Мицкоски, на Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани што денеска до 17 часот се  одржува во Скопје. Ова доаѓа по реакцијата на родителите на загинатите, кои пред два дена присуствуваа […]

Кочани и Кран-Монтана: Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија


  Македонскиот систем и институциите, далеку подобро се справиле со трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани, отколку швајцарските надлежни, при нивната трагедија во дискотеката во Кран-Монтана, смета премиерот Христијан Мицкоски. Прашан дали „чувствувате како Влада дека добро се справивте со трагедијата во Кочани пред една година?“, при денешната посета на Кочани Мицкоски беше сигурен […]

САД ги укинаа санкциите за руската нафта, но цените и натаму растат


  Министерството за финансии на САД привремено ги укина санкциите за продажба на руска нафта. Укинувањето на ограничувањата ќе биде во сила 30 дена и ќе влијае на нафтата и нафтените производи натоварени на бродови од 12 март. „Оваа краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди […]

Гаши за Кочани: Јавниот збор е должност, но никогаш не бил волку тежок!


Стојам тука пред вас со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорноста.  Со овие зборови претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја започна комеморативната седница за 63-те загинати во пожарот во Кочани, која по една година политички натегања и надмудрувања, за да се избегне одговорноста, конечно се одржа. На ложата во пленарната сала беа […]

Што му кажаа странските инвеститори на премиерот Мицкоски


  Странските инвеститори денеска го потврдија сојузништвото со Владата во делот на (не)зголемувањето на минималната плата, но истовремено на маса го ставија и прашањето за исплатата на државната помош што лани доцнеше прв пат откако оваа практика за поддршка на странските инвестиции беше воведена кај нас. Странските инвеститори во земјава исто така се „избоксуваа“ за […]

Ќе биде ли навистина независен новиот јавен обвинител Савески?


  Додека се чека гласањето во Собранието околу новиот предлог за државен јавен обвинител, во политичките и во правосудните кулоари Ненад Савески не е дочекан „на нож“. Напротив, владее голема воздржаност околу неговиот избор. Имајќи ги предвид досегашните именувања од владата, главната опозициска партија СДСМ порача дека нема веднаш да излегува со оценка, туку ќе […]

За 11 дена војна со Иран САД и сојузниците истрелаа 1.000 ракети „Патриот“. Украина за четири години 600


  Киев не е без причина загрижен дека војната на Блискиот Исток би можела да ги остави САД и нивните сојузници без доволно снабдување со вредни пресретнувачки ракети. Неподготвени за можноста иранските власти да ја повторат тактиката на нивниот сојузник Владимир Путин и да започнат масовно гранатирање на градови во соседните земји доведе до потреба […]

Зошто клучниот ирански остров Харг за извоз на нафата е поштеден во бомбардирањата?


  Островот Харг – низ кој тече 90 проценти од извозот на нафта од Иран – е веројатно најчувствителната економска цел на земјата, но извозниот терминал досега остана недопрен во текот на кампањата за бомбардирање меѓу САД и Израел. Експертите велат дека бомбардирањето или заземањето на локацијата со американските сили веројатно би предизвикало ново зголемување […]

Мицкоски не гледа потреба за кризна состојба, предлозите на опозицијата биле „соцболшевизам“


  Владата денеска нема да прогласи кризна состојба која е потребна за потоа да се донесат мерки за намалување на акцизата и на данокот на додадена вредност, односно да се интервенира во цените на нафтените деривати кои од денеска се значително поскапи. Ова претпладнево го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите околу […]

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?


  Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната цена на литар дизел, која што со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ ќе изнесува 85,50 денари, за државата се наменети 28,5 денари. Тоа значи дека без […]

Почнаа редици на бензинските пумпи: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари поскапо (видео)


  Од полноќ, оние што ќе одат на бензинските пумпи во земјава да наточат гориво за своите автомобили, ќе треба да го „одврзат ќесето“ и да платат значително повеќе, доколку резервоарите им се на црвено. Тоа доаѓа откако Регулаторната комисија за енергетика драматично ги зголеми цените на горивата, особено на дизелот. Така, под претпоставка дека […]

Четиринаесет пријавени за евакуација од Дубаи не се појавиле на аеродромот


  Четиринаесет македонски државјани кои биле пријавени за евакуација вчера не се појавиле на организираниот лет од Дубаи, информираше министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. „14 лица вчера не се појавија на летот од Дубаи. Овие лица до последен момент барале евакуација. Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа […]

„Правда за Росица“, „Правда за Ивана“ – силни пораки и барања за оставки на Осмомартовскиот марш во Скопје


  Повеќе илјади луѓе денеска учествуваа на традиционалниот Осмомартовски марш во Скопје за да го изразат силниот револт поради зголеменото насилзтво врз жените и млакиот одговор на институциите. Маршот, кој беше организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија, почна точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата […]

Синот на Али Хамнеи, Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран


  Моџтаба Хамнеи, вториот син на покојниот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е избран за негов наследник, според иранските државни медиуми. Членовите на свештеничкото тело одговорно за избор на највисокиот орган на Иран ја објавија одлуката во неделата. Овој потег може да доведе до понатамошна ескалација на војната, со оглед на тоа што Доналд […]

Следнава недела нафтата ќе ја премине границата од 100 долари за барел


  Глобалните цени на нафтата би можеле да ја надминат границата од 100 долари за барел во рок од неколку дена и да достигнат 150 долари за барел до крајот на месецот, без решение за сериозното нарушување на протокот на сурова нафта низ Ормутскиот теснец, предупреди големата банка Голдман Сакс. Извозот на нафта преку виталната […]