Сара Пеканен со трилерот го освои Скопје: Редици читатели на Саем на книгата
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен викендов се сретна со македонските читатели на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“, на Саемот на книгата. Во позитивна атмосфера во арената „Борис Трајковски“, каде љубителите на добриот трилер создадоа долги редици, Пеканен ја промовираше […]