Француски судија го презема случајот за убиството на новинарот Кашоги во Турција
Париз – Француски судија е именуван да ја води истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ).
Согласно француските закони, на судиите им е дозволено да истражуваат одредени тешки злосторства сторени против странски државјани во странство.
Именувањето на судија уследи по пресудата од 11 мај на Апелацискиот суд во Париз, со која се прифатени жалбите на групата за човекови права „Трајал интернешенл“ (Trial International) и репортери без граници (РСФ).
Истрагата е насочена кон саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман под обвинение за мачење и присилно исчезнување, а треба да разјасни што се случувало во Франција пред Кашоги да биде убиен во Истанбул, на што инсистира вдовицата на новинарот, Ханан Елатр Кашоги.
ПНАТ не ја прифати посебната тужба од непрофитната организација „ДУН“ (DAWN).
Кашоги беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година, за што се обвинети саудиски агенти. Судот во Турција во 2022 година го стопираше судењето против 26 осомничени Саудијци и го префрли случајот во Саудиска Арабија.
Според американските разузнавачки служби, елиминацијата на Кашоги го наредил Салман, кој негираше дека го наредил убиството, но призна дека злосторството се случило „под негов надзор“.