Сиљановска-Давкова го прими македонскиот претставник на Венециското биенале  


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.  На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении […]

МСУ и Велимир Жерновски го подготвуваат македонскиот проект за Венециското биенале


Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од реномираниот мултимедијален уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува нашата земја на 61. Биенале за уметност во Венеција што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот национален павилјон ќе биде сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во престижното Арсенале. Нашето претставување на […]

Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ


Оригиналниот македонски мјузикл „Као Какао“ ќе биде премиерно изведен на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, во 20:30 часот. „Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжмани […]

МАИ ги додели наградите меѓу два саема на книгата, автор на годината – Оливера Ќорвезироска


Оливера Ќорвезироска ја доби наградата „Автор на годината“ на Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), која попладнево ги соопшти добитниците на наградите за периодот меѓу два саема на книгата. Ќорвезироска за романот „Три Марии“, издание на „Арс ламина“, ги доби сите три награди за проза во земјата за 2025 година: Рациновото признание, наградата „Стале Попов“ на […]

Меги Џиленхал ќе претседава со жирито во Венеција


Венеција – Меги Џиленхал („Изгубената ќерка“, „Невестата!“, „Лудо срце“) ќе биде претседател на меѓународното жири на 83-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември. Организаторите ја претставија американската режисерка, актерка, сценаристка и продуцентка како претседател на жирито, кое ќе одлучува за Златниот лав за најдобар филм и други […]

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство


Американскиот милијардер Илон Маск донирал 1 милион долари (околу 1 милион евра) за зачувување на археолошкото и културното наследство на градот Рим, објави денес неговиот тим. Според соопштението, донацијата е направена по повод 2779-тиот роденден на Рим и е наменета за поддршка на истражувањето, конзервацијата и реставрацијата на римското археолошко наследство, објавува „Рома денес“. Средствата, […]

Се засилува бојкотот против учеството на Израел на Евросонг 2026


Виена– Повеќе од илјада музичари и групи низ светот, меѓу кои и светски познати имиња како „Масив Атак“ (Massive Attack), „Кникеп“ (Kneecap) и Маклемор (Macklemore), повикуваат на бојкот на Избор за песна на Евровизија, што треба да се одржи во Виена во мај, поради учеството на Израел на натпреварот. Писмото, објавено на веб-страницата на движењето […]

ЕК ќе ја стопира субвенцијата за Венецијанско биенале поради учество на Русија


Брисел – Европска комисија денеска испрати писмо во кое ги известува организаторите на Венецијанско биенале дека ќе ја стопира субвенцијата од два милиона евра откако беше дозволено отворање на руски павилјон. – Во моментот постои само една субвенција во висина од два милиона евра за следните три години и таа планираме да ја стопираме – […]

Во Загреб се случи „Дијалог преку бојата“ меѓу современи уметници од Македонија и Хрватска


Во Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа свечено беше отворена изложбата „Дијалог преку бојата“, која обединува осум современи уметници од Македонија и Хрватска во заеднички уметнички проект, соопштуваат од Центарот. Изложбата ја отворила директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска која нагласила дека, „проектот „Дијалог преку бојата“ ја истакнува важноста на заедничкото претставување како креативен […]

Рокас оцени дека Скопје има уште многу работа пред себе како Европска престолнина на културата во 2028


Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, денес, на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“, во присуство на дипломатскиот кор на земјата и функционери од Матера, Подгорица, Торино, Валета, Инстанбул… истакна дека титулата европска […]

Почна Саемот на книгата под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“


 Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април. Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, […]

Скопје заедно со Берлин ја одбележа премиерата на биографскиот филм за Мајкл Џексон


Синеплекс во Сити мол во Скопје,  синоќа, на македонската премиера на „Мајкл“, биографскиот филм на кралот на попот, Мајкл Џексон, ечеше со најголемите хитови кои ја сменија светската поп-сцена, пред проекциите во неколку сали. Фоајето беше тематски декорирано, во стилот на Џексон, кој се уште е на врвот со музиката, танцот, спотовите и модата. Се […]

Драмски со „Болва в уво“ настапува на фестивалот РУТА во Тиват


Драмски со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва  во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството […]

OUTDOOR & TRAVEL FAIR 2026 – три дена инспирација, авантура и активен начин на живот во Скопје Сити мол


Skopje City Mall ве поканува на третото издание на Outdoor & Travel Fair 2026, кое ќе се одржи од 24 до 26 април. По успешните претходни изданија, саемот повторно носи свежа енергија за сите љубители на природата, спортот и патувањата. Посетителите ќе имаат можност да истражат селектирани брендови со најнова outdoor опрема, да учествуваат во […]

Европа не е само политика — Европа е култура, идентитет и заедничко чувство на припадност, вели Љутков


„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и […]

„Дента кога наполнив 45“ – нова песна на „Нокаут“ и Брејк


„Дента кога наполнив 45“ е новата песна на „Нокаут“ со Дарко Гелев-Брејк. Од бендот велат дека оваа песна е приказна за нештата со кои се судира секоја зрела личност по 45. година. Автор на музиката е Никола Перевски-Пере, текстот е на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Перевски и Дарко Димитров. Песната е снимена и […]

„Од ‘Црвенкапа’ до ‘Џинџуџе’“: Нова книга на Мојсова-Чепишевска – мала историја и вовед во теоријата и поетиката на книжевноста за деца


Македонската книжевна наука доби ново дело што може и треба да се чита како мала историја и вовед во теоријата и поетиката на книжевноста за деца. Книгоиздавателството „Панили“ ја објави книгата „Од ‘Црвенкапа’ до ‘Џинџуџе’“ од истакнатата универзитетска професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Ставајќи акцент на поетика на книжевноста за деца, но и на […]

Претседателот Белен организираше кралски прием за сите досегашни учесници од Австрија на Евросонг 


Виена – Само три недели пред почетокот на Евровизискиот натпревар за песна 2026 во Виена, австрискиот сојузен претседател Александар ван дер Белен и неговата сопруга, Дорис Шмидауер, организираа посебен прием. Сите поранешни австриски учесници на Евровизија беа поканети во Хофбургската палата за она што се покажа како весело собирање и можност да споделат анегдоти.  Историскиот […]

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора


Брисел – Амбасадорите на земјите членки на Европска Унија денеска го поддржаа формирањето ад хок работна група, која ќе почне со работа на нацрт-договорот за пристапување за Црна Гора. Кипарското претседателство вложи големи напори за да обезбеди формирање на работната група што е можно побргу, особено имајќи ја предвид долгорочната техничка работа што треба да се […]

Во Анкара средба Ердоган – Руте зад затворени врати


Анкара – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. – Средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Калач, се одржа зад затворени врати. Посетата […]