Во Скопје првиот од серијата настани „Автослалом 2026“


 Автомобилистичката федерација на С.Македонија (АФРСМ) со финансиска поддршка од Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) денеска го организира првиот од серијата настани „Автослалом 2026“ на големиот паркинг пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во соопштението на АФРСМ се наведува дека за првиот натпревар од серијата веќе се пријавени повеќе од 30 учесници во различни категории на возила, а пријавувањето останува отворено до самиот почеток на настанот.

Настанот, се додава во соопштението, следува по успешно реализираното „Женско рели 2026“, со што АФРСМ продолжува со активности насочени кон развој и промоција на автомобилизмот во земјата, како и унапредување на културата, вештините и безбедноста во во сообраќајот.

-Оваа година, за првпат, АФРСМ обезбеди финансиска поддршка од FIA, што претставува значаен чекор во развојот и меѓународното позиционирање на македонскиот автомобилизам, се вели во соопштението.