Повеќе делови од Скопје утре ќе бидат без вода
ЈП „Водовод и канализација“ за утре најави повеќе прекини на водоснабдувањето низ главниот град.
Поради промена на вентил од 2.5“ на улицата „Јани Лукровски“ бр.8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце Прешерн“ 92, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Франце Прешерн“ и дел од улицата Влае. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Исто така поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на улицата „Иван Козаров“ 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: „Иван Козаров“, дел од „Георги Димитров“, дел од „Вера Јоциќ“, „Божидар Аџија“, „Киро Крстевски“, „Мишко Михајловски“, „Боте Боцевски“ и дел од „Димо Хаџи Димов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Водоводен приклучок ф-100 мм ќе се изведува и на улица „2“ бр.19 Трубарево, па поради тоа прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.