ТВ водителот Миро Кацаров назначен за в.д. директор на Универзална сала


Фото: Б. Грданоски

Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски.

Продолжува изградбата на Универзална сала – куполата била безбедна

Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година.

Бујар Муча го подобри своето првично решение за Универзална сала – почна со Шилегов, ќе заврши со Љутков

Претходно оваа функција ја извршуваше Горјан Христовски.
 
Миро е познато лице на нашите ТВ екрани, кој кон крајот на 2019-та година беше вработен во Универзална Сала. Познат е од емисијата „Бекстејџ“, а и како домаќин на ток-шоу емисијата „Голден карпет“ заедно со Ведрана Ѓорѓевиќ.