Министерство за култура: Исплатени се средствата за самостојните уметници


Фото: Б. Грданоски

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени  средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден  ќе бидат достапни на нивните сметки.

Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со  важечките законски и финансиски прописи.

-Остануваме посветени на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина, истакнува Министерство за култура и туризам.

Претходно попладнево, самостојните уметници на Македонија испратија отворено писмо до Министерството за култура и туризам и до министерот Зоран Љутков, во врска со, како што пишува, повеќемесечното доцнење на исплатите за 2026 година.