Општина Аеродром бесплатно собира кабаст отпад
Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, што ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има за цел почиста и поуредна животна средина за сите!

Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови каде граѓаните бесплатно ќе можат да го одложуваат стариот и дотраен мебел.
Акцијата започнува во населбата Мичурин:
Продолжува во Острово:
Со оваа акција им овозможуваме на жителите организирано и бесплатно отстранување на кабастиот отпад, а истовремено придонесуваме за почиста околина и спречување на создавање диви депонии.
Комплетниот распоред со сите локации и термини е достапен и на официјалната веб-страница на Општина Аеродром – aerodrom.gov.mk.