Млада жена убиена во семејна расправија во Битола
Убиство се случило ноќеска во Битола во населбата Баир на ул. „5-та“. Засега според неофицијални информации убиено е едно женско лице на возраст од околу триесеттина години, а убиецот е лишен од слобода. Убиството се случило околу 7 часот и 30 минути утрово. Како повод се наведува семејна расправија.
Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р. (33) од Битола, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека утрово околу 06,40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на лице место. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
А.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (A.Б.)