Дожд со силен ветар – ни чадор нема да ви помогне
Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.
Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, и во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Поинтензивни процеси се очекуваат во сабота, кога ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветар и грмежи.