Дневници од 800-1.000 денари за оние кои ќе учат за месопреработувачи во СОУГС „Димитар Влахов“


Со цел зголемување на интересот на учениците за занимањето месопреработувач, во соработка со компании од месната индустрија, училиштето обезбеди дневници за секој што ќе се запише на насоката месопреработувач, и тоа дневница од 800 денари во прва година, 900 во втора и 1.000 денари во трета. Ова е еден стимул со надеж дека интересот за занимањето месопреработувач ќе се зголеми, вели Јасминка Гудоманова, директорка на СУГС „Димитар Влахов“, пишува fakulteti.mk.

Иако во државава има сѐ помалку масари и многу фирми се затвораат затоа што нема доволно кадар, загрижувачки е бројот на ученици што се запишуваат на насоката месопреработувач во СУГС „Димитар Влахов“. Директорката на училиштето, Јасминка Гудоманова, вели дека многу мал број ученици ја избираат таа професија.

– Со задоволство можам да истакнам дека оваа година СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје го избраа 223 деветтоодделенци кои избраа да учат занает – да бидат идни фризери, козметичари, естетичари, графички дизајнери или прехранбени техничари… Оваа бројка покажува драстичен раст споредено со претходните учебни години, но тоа не може да се каже за сите образовни квалификации. За пример ќе ја земеме квалификацијата месопреработувач, која и покрај тоа што е дефицитарна на пазарот на трудот, многу мал број ученици ја избираат како нивна идна професија – истакна директорката.

Целиот текст ТУКА