„После истрагата за медиуми, започна истрагата за 4iG“: СДСМ тврди ‘наскоро Мицкоски ќе мора да одговари пред граѓаните’
Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.
– Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG?
Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави. Се сеќавате ли дека 4iGкупија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија?
4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија. Сè што СДСМ го зборуваше со месеци сега излегува на виделина – велат од опозициската партија.