Мицкоски бара опозицијата да се вразумела околу Изборниот законик


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кичево побара опозицијата, т.е. СДСМ, да се вразумела и да учествува во изработката на Изборниот законик.

„Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ коешто во моментот е раководство на СДСМ и дека најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но, реформите и доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Устав, туку има уште многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат“, рече тој.