ФИФА отстрани судија од листата за Светското првенство


Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи неочекуван потег и пред почетокот на Светското првенство од отстрани од листата на официјални лица за Мундијалот холандскиот судија – Роб Диперник. Тој беше планиран да ја има улогата на ВАР судија на Светското првенство, но се најде под истрага на лондонската полиција по пријава за наводен сексуален напад над малолетни лица во април годинава во Кројдон.

Случајот е затворен поради недостаток на докази, а ФИФА не ја смени одлуката.

Веста предизвика големо влијание во Холандија, особено откако Диперник објави дека е „погрешно обвинет“ и дека од првиот момент соработувал со сите институции.

„Многу жалам што погрешно бев обвинет. Обвиненијата брзо беа отфрлени по деталните истраги. ФИФА, УЕФА и Холандската фудбалска федерација имаа целосна транспарентност од моја страна, изјави Диперник за холандскиот „Де Телеграф“.

На крајот додаде дека е разочаран од одлуката на ФИФА, а незадоволство од одлуката изрази и холандската федерација откако обвинението беше отфрлено и дека судијата соработувал во текот на целиот случај.