Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може


Комисијата за заразни болести и Владата работат на протокол со кој ќе се овозможи отворање на градинките и нивно безбедно функционирање, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ, одговарајќи на новинарско прашање. Според неа, градинките ќе проработат во оној момент кога ќе се створат услови за безбедно згрижување на децата. Секако,  вели Шкријељ, …

Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може Read More »

Бектеши: Наскоро се отвораат кафулињата и рестораните


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози …

Бектеши: Наскоро се отвораат кафулињата и рестораните Read More »

(Во живо) Прес на Бајрактар и на Шкриељ


Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:  

Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19


Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека вчера во земјата се направени 1.449 тестирања за новиот корона вирус, а три биле позитивни. Ова претставува намалување во однос за вчера, кога беше објавено за шест новозаразени лица. Намалување има и на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата …

Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19 Read More »

Богдановиќ: Белчева имаше целосна поддршка, за некои работи имавме забелешки


Градоначалникот на Општина Центар вели дека не знае од што била незадоволна експретседателката на Советот, Јана Белчева-Андреевска, која самоиницијативно се повлече од функцијата. Тој тврди дека таа имала целосна поддршка во сите активности, но дека очекувано е во текот на работата да има одредени несогласувања. „Нормално дека во секоја работа има одредени усогласувања и несогласувања, …

Богдановиќ: Белчева имаше целосна поддршка, за некои работи имавме забелешки Read More »

Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот Парламент


Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот пратенички состав на Парламентот. Роден е во 1946 година во Скопје, дипломирал електро-технички науки. Владимир Голубовски беше претседател на ВМРО-ДП и во деведесеттите години се залагаше за создавање на првата самостојна македонска држава.

Пленковиќ: Одлуката за старт на преговорите со С. Македонија и Албанија е политичко наследство на претседавањето на Загреб со ЕУ


Мартовската одлука за започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија ќе остане запишана во историјата како политичко наследство на хрватското претседавање со ЕУ, што претставува голема работа, изјави премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ за бриселскиот портал „Политико“. Според Пленковиќ, започнувањето на преговорите за членство со ЕУ, на кое земјава чекаше 15 години, „можеби …

Пленковиќ: Одлуката за старт на преговорите со С. Македонија и Албанија е политичко наследство на претседавањето на Загреб со ЕУ Read More »

Нуредини: Изложените на загаденост имаат повисока стапка на смртност


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција рече дека постојат студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка. Во таа насока, рече дека ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот. Прашан за студиите кои зголемената смртност од …

Нуредини: Изложените на загаденост имаат повисока стапка на смртност Read More »

Шар Планина прогласена за Национален парк, Осогово е заштитено подрачје


Шар Планина и Осоговските Планини се додаваат на листата заштитени подрачја, објави на денешната прес конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Како што кажа тој, Шар Планина се прогласува за Национален парк, додека Осогово е прогласено за заштитено подрачје од категорија- Б. Иницијативите на Министерството биле усвоени на вчерашната владина седница. …

Шар Планина прогласена за Национален парк, Осогово е заштитено подрачје Read More »

Секој триесети Словенец бил заразен со новиот корона вирус


Првичните резултатите на словенечкото национално истражување за раширеноста на новиот корона вирус, покажуваат дека секој триесети граѓанин бил заразен со вирусот. Според портпаролот на Владата Јелко Кацин од направени 1.386 тестирања на граѓани по случаен избор, 41 биле позитивни односно кај нив биле пронајдени антитела на вирусот, а речиси сите биле без никакви симптоми. – …

Секој триесети Словенец бил заразен со новиот корона вирус Read More »

Нова македонска стартап иновација за помош на најзагрозената индустрија од пандемијата со ковид-19


Македонската стартап иновација Гетаут ДООЕЛ нуди нова онлајн платформа за обединување на услужните дејности, од туризам и угостителство, до настани, образование и козметички услуги. Преку неа претпријатитјата од овие дејности можат да продаваат дигитални ваучери за нивните услуги кои ќе може да бидат искористени во нивните локали откако пандемијата ќе стивне. Купувачите, пак, со користењето …

Нова македонска стартап иновација за помош на најзагрозената индустрија од пандемијата со ковид-19 Read More »

(Во живо) Прес на министерот за животна средина Нуредини


Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ќе одржи прес-конференција. Инаку, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека на седница на Владата вчера беа усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини. Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на …

(Во живо) Прес на министерот за животна средина Нуредини Read More »

Русија повторно со над 10.000 новозаболени


Во Русија последните 24 часа забележани се нови 10.559 случаи заразени со корона вирус. Починале 86 лица. Ова е најголем број новозаразени во еден ден до сега во Русија и четврти ден по ред се утврдуваат повеќе од 10.000 нови случаи. Со ова бројот на заразени во земјата нарасна на 165.929, а починаа 1.537.

Полицискиот час не го почитувале 55 луѓе, 42 се приведени


Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци  за изминатото …

Полицискиот час не го почитувале 55 луѓе, 42 се приведени Read More »

Главниот британски епидемиолог поднесе оставка, се сретнал со љубовницата


  Советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон, кој неодамна беше позитивен на Ковид-19, поднесе оставка откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка. Како што пренесува британски Телеграф, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон …

Главниот британски епидемиолог поднесе оставка, се сретнал со љубовницата Read More »

Бразил: Рекорден број новозаразени и смртни случаи од ковид-19


Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се рекордни 6.935 нови случаи на корона вирусот, а починале 600 лица. Досега речиси 115.000 луѓе се заразени со вирусот во земјата и околу 8.000 починале, со што Бразил е најтешко погодената земја со ковид-19 во Латинска Америка. Најмногу болни има во државите Сао Паоло и Рио де …

Бразил: Рекорден број новозаразени и смртни случаи од ковид-19 Read More »

Туристичките агенции во Австрија пред затворање


Иако се приближуваат летните одмори, туристичките агенции во Австрија се соочуваат со затворање. Здружението на австриски туристички агенции (OeРВ) предупредува дека може да дојде до бран стечаи на туристичките агенции, кои се погодени од тековната пандемија на корона вирусот. – Отворањето на агенциите во моментот нема смисла. Работата што агенциите во моментов ја имаат може …

Туристичките агенции во Австрија пред затворање Read More »

Стевановиќ за МИА: Ризикот од наплив на голем број новоинфицирани од Ковид-19 е поминат


Мислам дека веќе сме во период кога ризикот од наплив на голем број новоинфицирани пациенти го поминавме, но тоа не значи дека не треба и понатаму да се придржуваме до дадените препораки за заштита од Ковид-19, напротив, истакна во интервјуто за МИА директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Милена Стевановиќ …

Стевановиќ за МИА: Ризикот од наплив на голем број новоинфицирани од Ковид-19 е поминат Read More »

Во Шведска корона вирусот можеби бил присутен уште во ноември


Шведската агенција за јавно здравје објави дека е можно случаи на корона вирусот во земјата да се појавиле уште во ноември минатата година. Сепак, според порталот „Локал“, Шведска во моментов не работи на утврдување кога се појавиле првите случаи во земјата. Агенцијата го објави соопштението откако Франција информира дека еден маж бил заразен со вирусот …

Во Шведска корона вирусот можеби бил присутен уште во ноември Read More »

Велика Британија ја надмина Италија по бројот на жртви од корона вирус


Повеќе од 32.000 луѓе починаа во Велика Британија од ковид-19, што е најголем број во Европа, покажуваат денешните податоци. Според наводите на Канцеларијата за национална статистика, 29.648 лица починале од 24 април во Англија и Велс, од ковид-19, пренесе Ројтерс. Кога на тоа ќе се приклучат податоците за починати во Шкотска и Северна Ирска, бројот …

Велика Британија ја надмина Италија по бројот на жртви од корона вирус Read More »