Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може


Комисијата за заразни болести и Владата работат на протокол со кој ќе се овозможи отворање на градинките и нивно безбедно функционирање, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ, одговарајќи на новинарско прашање.

Според неа, градинките ќе проработат во оној момент кога ќе се створат услови за безбедно згрижување на децата.

Секако,  вели Шкријељ, на сила остануваат мерките за родителите кои имаат деца во градинка или во училиште до 10 годишна возраст, да останат дома и да се грижат за нив, без разлика дали нивната фирма почнала со работа.

Исто така, продолжено е породилното отсуство за сите мајки на кои периодов им завршуваше породилното отсуство.