Русија повторно со над 10.000 новозаболени


Во Русија последните 24 часа забележани се нови 10.559 случаи заразени со корона вирус.
Починале 86 лица.
Ова е најголем број новозаразени во еден ден до сега во Русија и четврти ден по ред се утврдуваат повеќе од 10.000 нови случаи.
Со ова бројот на заразени во земјата нарасна на 165.929, а починаа 1.537.