Полицискиот час не го почитувале 55 луѓе, 42 се приведени


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.