Нуредини: Изложените на загаденост имаат повисока стапка на смртност


Фото: Б. Грданоски

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција рече дека постојат студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка.

Во таа насока, рече дека ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот.

Прашан за студиите кои зголемената смртност од ковид-19 ја поврзуваат со големата загаденост на водухот, како во Ломбардија и Вухан, и што презема Владата за справување со загаденоста бидејќи на есен и зима се предвидува можен втор пик, Нуредини рече дека има меѓународни студии кои укажуваат на тоа.

-Ова го знаеме и ние, дека имаме проблем со тоа. Ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот, да бидеме поефикасни со транспортот. Исто така ќе ја поддржиме гасификацијата во нашата држава. Со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот, нагласи Нуредини.