Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот


Пожарот што попладнево избувна во месноста Дорутовец во Велешко се проширил во правец на патот Велес – Штип, а силниот ветер го носи чадот кон автопатот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС посочуваат дека опасноста од пожарот е намалена, но состојбата на терен и натаму бара внимателно следење. И покрај интервенцијата […]

Музичката легенда, 83, ја споделува болната причина зошто избегнува фотографии 7 години


Лос Анџелес – Пејачката на „Толку си суетна“ Карли Сајмон откри зошто не е фотографирана во јавност од 2019 година. 83-годишната добитничка на Греми и Златен глобус, Карли Сајмон, сподели дека ѝ е дијагностициран карцином на базалните клетки на лицето во изјава добиена од People. Базалноклеточниот карцином е најтипичен вид рак на кожата, најчесто предизвикан […]

Има и мртви во земјотресот во Јапонија, а расте и бројот на повредени


Неколку лица загинаа во урнатиот трговски центар во јапонскиот град Кумамото, објави телевизијата Асахи, повикувајќи се на полициски извор, откако силен земјотрес го погоди внатрешноста на островот Кјушу, но без конкретни бројки. Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени […]

Бесплатен влез за дуелот меѓу Шкендија и Браво


 Бесплатен ќе биде влезот за навивачите кои ќе сакаат да ја бодрат Шкендија на реванш натпреварот од Конференциската лига против словенечки Браво на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи денеска раководството на македонскиот вицешампион. Шкендија в четврток од 20 часот во Скопје го пречекува словенечкиот тим во реванш натпревар од 2. квалификациско коло во […]

Без вода утре дел од Тафталиџе


Утре, среда, повеќе улици во скопско Тафталиџе ќе останат без вода, соопштија од „Водовод и канализација“. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе ги опфати корисниците од улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“.  

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“


Избувна пожар попладнево во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два […]

Пожар на грчкиот остров Парос – пораки за евакуација на пет села


Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот гори отпад и […]

Игор Џамбазов е добитник на наградата „Васил Иљоски“ за 2026 година


 Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. -Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, […]

Нешто се прави на Универзална (фото)


Мајстори однадвор ја бојадисуваат и прават други зафати на челичната конструкција. Од внатре се слуша звук на механизација. Проектот Универзална , симбол од постземјотресниот период кој буди емоции кај сите скопјани и во Македонија, конечно добива на динамика по долгиот период на застој и „перипетии“ од минатото, но и пожар во тек на реизградбата. Фокусот […]

Трамп сега не му верува на Путин, пишува „Волстрит џорнал“


  Доналд Трамп го гледа рускиот претседател Владимир Путин во сè понеповолно светло, изјавија извори блиски до американскиот лидер за „Волстрит џорнал“. Според нив, Трамп првично верувал дека руската армија ќе ја победи Украина на бојното поле. Путин постојано му кажувал лично на Трамп за претстојниот колапс на фронтот на украинските вооружени сили: на пример, […]

Стотици поранешни израелски функционери бараат Трамп да го притисне Нетанјаху за насилството на доселениците


Околу 600 поранешни високи израелски функционери испратија писмо до американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи од него да дејствува во врска со ескалацијата на насилството меѓу доселениците на окупираниот Западен Брег. Според писмото, откриено од медиумите на хебрејски јазик, поранешните функционери предупредиле на она што го опишале како […]

Нивото на водата во Дунав на најниско ниво во последните 30 години. Романија затвора нуклеарен реактор


Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ денес го затвори реакторот во нуклеарната централа Чернавода како превентивна мерка поради рекордно ниските нивоа на водата во Дунав, соопшти Министерството за енергетика, велејќи дека мерката имала за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот беше привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој користи […]

28 јули во историјата – Започна Првата светска војна


  Првата светска војна, позната и како Големата војна, започна на 28 јули 1914 година и траеше до 11 ноември 1918 година. Овој конфликт, еден од најразорните во историјата, ги вклучи големите светски сили поделени во два спротивставени сојузи: Антантата (вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Русија, а подоцна и САД) и Централните сили (Германија, Австро-Унгарија, […]

Почна демонтажа на две хидроцентрали на Шар Планина


Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина. Оттаму оценуват дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. „Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со […]

Израелските доселеници извршиле 1.330 напади на Западниот Брег од јануари


ОН соопшти дека израелските доселеници извршиле повеќе од 1.330 напади во окупираниот регион Западниот Брег од почетокот на 2026 година, предизвикувајќи жртви и штети на палестинскиот имот. Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA) во понеделник изјави дека е длабоко загрижена „поради ескалацијата на насилството низ Западниот Брег во последните денови“.Агенцијата изјави дека од јануари […]

Исчезнат учесник на Олимписките игри, мајката пријави дека е исчезнат по повеќе од еден месец


Бразилскиот олимпиец и јужноамерикански рекордер Даниел Насименто, кој се натпреваруваше на Олимписките игри во Токио 2020 година, е прогласен за исчезнат и моментално е предмет на обемна потрага. 28-годишниот маратонец влезе во историјата во април 2022 година кога постави јужноамерикански рекорд истрчајќи го маратонот во Сеул за 2:04;51 и долго ќе се памети во атлетиката […]

Нов начин на наплата на автопатиштата во Хрватска: Нема куќички, но за наплата ќе мора да се регистрирате


Исчезнувањето на патарините целосно ќе го промени начинот на кој се користат хрватските автопати. Возачите повеќе нема да земаат картичка на влезот ниту ќе плаќаат патарина на излезот, но тоа не значи дека ќе можат да возат по автопатот без претходна подготовка. Пред да влезат на автопатот, возилото ќе мора да биде вклучено во новиот […]

Оштетени мостови, паднати згради, испукани патишта од силниот земјотрес во Јапонија


  Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Јапонија во неделата, уривајќи згради, предизвикувајќи пожари и испраќајќи најмалку 50 луѓе во болница, објави јапонскиот радиодифузер НХК. Премиерката Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема штета и дека властите сè уште ја проценуваат големината на катастрофата. Снимките објавени од НХК покажаа повеќе пожари, оштетени мостови, излетан […]

Фишинг напади преку пораки од лажен „Безбеден град“ – МВР сподели на што да внимаваат граѓаните


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк […]

Падна водостојот на Рајна – поскапе транспортот: „Малите товари се неисплатливи“


Нивото на водата во Рајна повторно се намали поради топлото и суво време, објави денес германската агенција за внатрешни пловни патишта, што обично значи поголем сообраќај на бродови и повисоки трошоци за транспорт на суровини и гориво за фабриките. Рајна е најважниот комерцијален внатрешен пловен пат во Европа и важна транспортна рута за стоки како […]