Без вода утре дел од Тафталиџе
Утре, среда, повеќе улици во скопско Тафталиџе ќе останат без вода, соопштија од „Водовод и канализација“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе ги опфати корисниците од улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“.