Бесплатен влез за дуелот меѓу Шкендија и Браво


 Бесплатен ќе биде влезот за навивачите кои ќе сакаат да ја бодрат Шкендија на реванш натпреварот од Конференциската лига против словенечки Браво на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи денеска раководството на македонскиот вицешампион.

Шкендија в четврток од 20 часот во Скопје го пречекува словенечкиот тим во реванш натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига на кој за пласман во следното коло ќе треба да ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар пред една недела во Љубљана.

„Веруваме дека публиката в четврток на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде дополнителна сила за тимот во борбата за пласман во 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига“, објави попладнево Шкендија.

Победникот од пресметката меѓу Шкендија и Браво за противник во 3. квалификациско коло во Конференциската лига ќе го има поуспешниот тим од дуелот меѓу Малишева од Косово и шкотски Хибернијан.