Сведок на одбраната во случајот „Онкологија“: Мора да се утврди кој лекар со кои податоци располагал кога носел одлуки


За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се констатира отстапување во терапијата, туку мора да се докаже јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот, истакна вештакот Владимир Даниловски, кој на предлог на одбраната, сведочеше денеска во Основниот кривичен суд Скопје на продолжението на судењето за случајот […]

Нагелсман поднесе оставка. Ќе дојде ли Клоп после него?


  Јулијан Нагелсман поднесе оставка од функцијата селектор на Германија по разочарувачката кампања на Светското првенство. Четирикратните светски шампиони претрпеа шокантен пораз на пенали од Парагвај по нерешениот резултат 1-1 во 18-финалето, што ги исфрли од турнирот. Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, изјави: „Германската фудбалска асоцијација експресно му се заблагодарува на Јулијан Нагелсман за неговата […]

Електронски рочишта и побрзи судски постапки со новиот Закон за парнична постапка


Собранието со 81 глас „за“, девет „против“ и без воздржани го усвои новиот Закон за парнична постапка, кој според Министерството за правда претставува значаен чекор во реформите на правосудниот систем и неговото усогласување со европските стандарди. Со законските измени се предвидува подобрување на ефикасноста на судските постапки, нивно поедноставување и забрзување, како и зајакнување на […]

Уапсени трите лица за бруталниот напад врз 14-годишник во Ченто


По неколкудневна истрага, полицијата приведе три лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче, кој минатата недела се случи на подрачјето на населбата Ченто, при што против нив ќе биде поднесена кривична пријава по целосното расчистување на случајот. Како што информираат од МВР, нападот се случил на 22 јуни околу 23:05 часот, кога тројцата физички го нападнале малолетникот […]

(Видео) Гори под Исарот во Штип


Денеска напладне може да се забележат оган и чад под Исарот во Штип. Во видеото што го објави Телевизија „Стар“ се гледа дел од зафатеното подрачје, а исто така и полициско присуство и присуство на противпожарните единици.   „Гори под Исарот во Штип, Противпожарните единици и полицијата на терен“, стои во натписот над видеото. Исто […]

Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд


Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, беа презентирани денеска во касарната „Илинден” во Скопје, набавена за армијата. На презентацијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.   Новата опрема армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, […]

Лидерски кампови за млади во националниот парк „Пелистер“


Здружението YMCA во соработка со ЈУ Национален парк „Пелистер“ почна со реализација на Националните лидерски кампови и на Пелистер. Лидерските кампови се организираат со цел едукација на младите во повеќе области, односно личен раст, кариерен развој, животна средина, граѓански ангажман и лидерство. Во моментов во националниот парк „Пелистер“ се реализира Национален камп за девојки со […]

Русија се свртува кон Јапонија поради кризата. Увезува гориво за авиони преку Јужна Кореја


Русија, соочена со криза со гориво по украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, се подготвува да увезе пратка гориво за авиони со потекло од Јапонија преку трговци, откриваат три добро информирани извори. Тоа е редок потег за голем производител на нафта, кој сега е принуден да се сврти кон увоз за да ги задоволи домашните […]

Продолжува урбанизацијата на Водно, предупредува „Шанса за Центар“


 Нацрт деталниот урбанистички план за местото викано Барутана, што  може да создаде ново ерозивно подрачје над градот, е на дневен ред на советот, соопштија од „Шанса за Центар“ . Просторот Барутана почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки. Според активистите, се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби […]

Повеќе краци на „Тодор Чангов“ во Лисиче ќе добијат нов асфалт


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче. Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е […]

Историски момент, Кичево влегува во европската мрежа за заштита на реките преку проектот „ЧИСТО-Кичево“


Кичево беше домаќин на официјална делегација од Генералната дирекција за управување со води на Европската Унија и програмата DALIA, при што беше потврдена поддршката за имплементација на новиот европски проект „ЧИСТО-Кичево“ – Образование и акции водени од заедницата за почисти реки без отпад. Како што соопштија од Општина Кичево, станува збор за проект во рамки […]

Рама не размислува за оставка, немало таква опција


Албанскиот премиер Еди Рама порача дека нема намера да поднесе оставка и покрај протестите против проектот за луксузен ресорт на југот на земјата кои влегоа во вториот месец, оценувајќи дека неговата влада има јасен мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија. -Тоа не се две спротивставени позиции — […]

Радев стана Орбан, ќе ги блокира санкциите на ЕУ за Русија


Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека изразува резерви за 21-от пакет санкции од страна на Европската Унија против Русија, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали е подготвен да го блокира следниот европски пакет санкции, јави БТА. „Што се однесува до тоа дали сум подготвен да изразам резерви за 21-от пакет – не дека сум […]

Рокас: Изборниот законик е добар, партиите да постигнат консензус


За заглавените измени на Изборниот законик кои се важен дел од реформскиот пакет, евроамбасадорот Михалис Рокас вели се уште има дискусија за него и дека потребен е консензус меѓу партиите. Според Рокас, законот сам по себе е добар. -ОДИХР и ЕК дадоа позитивна оценка, но она што преостана се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања […]

Концерт на „Фејмс“ со Русанда Панфили в недела во „Сули ан“ на тема светска музика


На 05.07.2026г. (недела) во 20:30 часот во Сули ан, во рамките на „Скопско лето’ ќе се одржи симфониски концерт „Поврзани преку звукот: трансформативната моќ на светската музика“, во изведба на ФЕЈМС Институт. Како првиот концерт на Јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот, овој концерт ќе се одвива под водство на Русанда Панфили, молдавска виолинистка, композиторка […]

Муцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можности


Улогата на државата не е да го замени приватниот сектор, туку да создаде услови во кои претприемништвото, знаењето и капиталот ќе можат да создаваат нова вредност и во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании – порача министерот за надворешни […]

Дебакл: Само 20 отсто од Алжирците излегле на изборите


 Излезеноста на парламентарните избори во Алжир вчера беше 20,79 отсто, покажуваат прелиминарните податоци изнесени од властите, што претставува историски најниска стапка, објавија  француските медиуми. „Овие бројки се прелиминарни“, изјави доцна синоќа Карим Хелфане, привремениот претседател на Независниот национален изборен орган (АИНЕ). „Тие сигурно ќе се менуваат и ќе варираат“, додаде во соопштение објавено на Фејсбук […]

На антивладините протести во Албанија уапсени 18 демонстранти, повредени 12 полицајци


Албанската полиција се судри со демонстрантите во четврток, кога антивладините демонстрации – дел од протестите предизвикани од плановите за луксузен развој поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер – станаа насилни. Полицијата испука солзавец и спреј со бибер кон демонстрантите кои фрлаа камења, јајца и други предмети врз нив. Властите соопштија дека […]

Претседателот на Јужна Кореја ќе присуствува на Самитот на НАТО


Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг ќе присуствува на Самитот на НАТО, што следната недела ќе се одржи во Анкара, најави советникот на Ли, Ви Сунг-лак. Ви истакна дека безбедноста во Европа и Азија е меѓусебно поврзана, наведувајќи го примерот на Северна Кореја, која испрати околу 15.000 војници да ја поддржат Русија во нејзината војна […]

Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи


 Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи. Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува […]