Лидерски кампови за млади во националниот парк „Пелистер“
Здружението YMCA во соработка со ЈУ Национален парк „Пелистер“ почна со реализација на Националните лидерски кампови и на Пелистер.
Лидерските кампови се организираат со цел едукација на младите во повеќе области, односно личен раст, кариерен развој, животна средина, граѓански ангажман и лидерство.

Во моментов во националниот парк „Пелистер“ се реализира Национален камп за девојки со вкупно 50 учесници за кои подготвени се активности за кампување, активности на адреналински парк, планинарење и еко едукација.

ЈПНационален парк „Пелистер“-Битола обезбеди одлични услови за реализација на лидерскиот камп, потврдија од таа јавна установа.