Претседателот на Јужна Кореја ќе присуствува на Самитот на НАТО
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг ќе присуствува на Самитот на НАТО, што следната недела ќе се одржи во Анкара, најави советникот на Ли, Ви Сунг-лак.
Ви истакна дека безбедноста во Европа и Азија е меѓусебно поврзана, наведувајќи го примерот на Северна Кореја, која испрати околу 15.000 војници да ја поддржат Русија во нејзината војна против Украина.
Јужна Кореја не е полноправна членка на НАТО, но, заедно со Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, е една од најважните држави партнери на НАТО во Индо-пацифичкиот регион.