(Видео) Гори под Исарот во Штип


Денеска напладне може да се забележат оган и чад под Исарот во Штип.

Во видеото што го објави Телевизија „Стар“ се гледа дел од зафатеното подрачје, а исто така и полициско присуство и присуство на противпожарните единици.

 

„Гори под Исарот во Штип, Противпожарните единици и полицијата на терен“, стои во натписот над видеото.

Исто така, од Телевизијата најавија повеќе информации наскоро.