Продолжува урбанизацијата на Водно, предупредува „Шанса за Центар“
Нацрт деталниот урбанистички план за местото викано Барутана, што може да создаде ново ерозивно подрачје над градот, е на дневен ред на советот, соопштија од „Шанса за Центар“ .
Просторот Барутана почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки. Според активистите, се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби и со тоа само се отвораат нови опасности.
„Планот е приватна иницијатива од приватна фирма која има имот во рамки на ДУП-от и на чие земјиште претходно биле планирани градби за државни институции кои сега , „сосема случајно“, се менуваат во приватно домување…
Точката требаше да се разгледува на седницата на советот во вторник, но седницата беше прекината и ќе продолжи во следниот период. „Новите планови треба да ја подобруваат состојбата и да ги решавават грешките од претходните штетни дупови кои го претворија градот во бетонска џунгла, а не да ги повторуваат и да ги зголемуваат“, гласи соопштението на „Шанса за Центар“.