ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ ги уништува клупите што ги поправа Левица во Аеродром


На барање на жителите од Аеродром, активистите на локалниот огранок на Левица со сопствени средства и труд поправаат руинирани клупи што Општината со години ги оставила нефункционални да скапуваат. Од февруари годинава, активисти на Левица во Аеродром реконструираа и поставија 12 клупи. И наместо локалната власт да рече, добро, овие се средени, сега со општинските пари ќе ги поправиме останатите – ДПМНЕ направи нешто што совршено го опишува нивото на нивното владеење.

На седум од дванаесетте веќе поправени клупи, Општината преку ноќ ги извади даските што ги поставиле активистите на Левица и стави “свои”. Не отидоа дваесет метри подалеку да поправат друга распадната клупа. Не поставија нова таму каде што недостига. Не го зголемија бројот на функционални клупи за граѓаните. Ги потрошија времето, работниците и средствата на граѓаните за повторно да интервенираат на нешто што веќе било поправено, и тоа поправено токму по барање на граѓаните, само затоа што го поправила Левица.Наместо тендерите и општинските ресурси да служат за санација на останатите уништени клупи, тие се користат за повторно чепкање на веќе завршена работа, само за да се избрише трагата дека некој друг бил покорисен од нив.

Сепак, на нивниот примитивизам му нема крај! Две од преостанатите клупи што ги реконструиравме, ги затекнавме вандализирани, испрскани со спреј, а на едната и уринирано. Јасно е дека станува збор за примитивна партиска суета во која не е важно дали граѓанинот добил нешто корисно. Ова се примитивците што ни ја водат државата. Истата логика со која во една општина се вадат туѓи клупи само за да не остане туѓа заслуга, на државно ниво се претвора во партизација, поделба на „наши“ и „ваши“, борба за заслуги и опсесија со сопствениот имиџ. Ним им е поважно да не се види дека некој друг направил нешто добро, отколку граѓаните навистина да добијат нешто подобро.Ова е политичка култура во која егото е поголемо од јавниот интерес, а партиската припадност е поважна од тоа дали нешто функционира“, соопштија од Левица, па додаваат:

„Ние нема да престанеме. Ќе продолжиме да одговараме на барањата на жителите и да поправаме, уредуваме таму каде што Општината оставила да пропаѓа. Ниту нивната суета, инает или вандализмот ќе нè натераат да се повлечеме. Левица ќе продолжи да работи за граѓаните, па нека се нервираат оние на кои повеќе им пречи црвената боја на една клупа отколку руината што стоела на нејзино место“, порачуваат од Левица.